Тимот на Алушовски, кој во минатото коло ја забележа првата победа во Првата лига, врза уште еден триумф, откако го победи штипски Текстилец со 41-15.
Домаќините отворија со 3-0, па водеасо 10-3, а до крајот на првиот дел избраниците на Александар Јовиќ направија залиха од десет голови, 17-7.
Во вториот дел шанса за настап добија сите ракометари од клупата на домашниот тим, но предноста само се зголемуваше до конечните 26 разлика.
Најдобри стрелци кај Алушовски беа Петар Атанасиевиќ со 10 и Павле Атанасиевиќ со осум, додека кај штипскиот тим се истакна Милисав Петров со четири.