Рихимаен Кокс се врати на тронот, повторно е шампион на Финска

Со победа од 3:0 во меѓусебните дуели со тимот на Дикен, составот на Рихимаен Кокс уште еднаш дојде до титулата во првенството на Финска.

Рихимаен Кокс победи со 27:25 против Дикен во третиот дуел така што не дозволи да има уште еден натпревар и со тоа после три дуели го реши шампионатот и нема да има потреба од продолжување после ЕХФ неделата.

Ова е вкупно 12 титула за тимот на Рихимаен Кокс со оглед на тоа што нема конкуренција од 2013 година. Тимот првата титула ја освои во 2007 година, а оттогаш само во 2011 и 2012 година не дојде до тронот. Во другите години доминираше, а минатата година шампион беше БК 46.

Со 12 трофеи тимот на Рихимаен Кокс е вторпласиран на вечната листа каде што прв е составот на БК 46 кој е лидер на табелата со шампиони со 21 трофеј.

Во салата каде што Рихимаен Кокс ги игра натпреварите ќе се одигра и квалификацискиот дуел за ЕП 2022 меѓу Финска и Македонија в среда од 17 часот.