Ристовски: Посебно драг трофеј, нека ова биде почеток на успешна сезона!

По пауза од една година трофејот од турнирот во Струга повторно е во витрините на Вардар кој по 14. пат победува на најстариот ракометен турнир во Македонија.

Вардар во финалето на Струшкиот турнир играше против тимот на Алкалоид и во неизвесен меч успеа да триумфира со пет гола разлика, 25:20.

Новиот извршен директор на Вардар, Борко Ристовски, се огласи на социјалните мрежи и упати кратка порака.

,,Посебно драг трофеј. Нека ова биде почеток на успешна сезона за Вардар“, напиша поранешниот голман.

Турнирот во Струга беше вистински тест за Вардар, кој на 26-ти август ќе го започне настапот во Европа.

Вардар пред својата публика ќе го пречека Рајн Некар во рамки од квалификациите од Лигата на Европа.

Реванш средбата се игра на 3 септември во Германија, Победникот од овој двомеч ќе игра во групата А од Лигата на Европа со Нант, Кристијанштад и Бенфика.

Вардар ја освои Струга – и на „отворено“ и во сала (ФОТОГАЛЕРИЈА) .

 

Лазаревски за 24Ракомет: Се уште не си го знаеме потенцијалот, Вардар ќе расте!

 

 

СТРУГА 2023: Јапонецот Косуке Јасухира е МВП

 

СТРУГА 2023: Вaрдар е нов рекордер – го освои 14. трофеј