Ристовски е херој на Бенфика – донесе пласман во групите на ЕХФ Купот!

Тимот на Бенфика, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, славеше во реваншот од третото квалификациско коло во ЕХФ Купот против хрватскиот Нексе.

Бенфика во Лисабон победи со 28-24, а Нексе во Нашице минатиот викенд славеше со 30-26, па португалскиот тим поради повеќе голови постигнати на гости обезбедија пласман во групната фаза.

Ристовски покрај одличната партија на голот, постигна и еден погодок, а сепак главното го сочува за крај, кога на четири секунди пред сирената одбрани седмерец на гостите кој ќе ги однесеше нив во групите.

Противниците во групите Бенфика ќе ги добие в четврток. Шанса за место во групната фаза има и нашиот Металург, кој утре ќе брка победа од најмалку пет голови против Горење.