Ристовска и ЦСКА Москва си тераат по старо и во 2023 година

Тимот на ЦСКА Моксва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, забележа нова победа во рускиот шампионат, прва во 2023 година.

ЦСКА Москва славеше над Балтиска Зорја со убедливи 44-19, а победникот беше познат уште по првиот дел, кога домаќинките водеа со 20-11.

Ристовска беше втор стрелец на мечот и постигна пет погодоци од шест обиди за само 22 минути игра.

ЦСКА Москва убедливо е на првото место на табелата со 42 бода од 21 меч, а следниот го игра дома против тимот на Феникс.