Ресенци и ѓорчевци со сеќавање на Илче Котевски

Пред стартот на натпреварот меѓу Преспа и Македонија Ѓорче Петров од прволигашкиот плеј-аут, ракометарите се потсетија на прерано починатиот Илче Котевски.

Ресенецот пред скоро две години ја загуби битката со коронавирусот, а покрај кариерата како голман, работеше и во управата на клубот.

Голманот на Македонија ЃП, Дејан Трајановски Калц, пред стартот на мечот на семејството на Котевски му подари голмански дрес со број 12.

Покрај тоа натпреварот почна и со минута молчење поради смртта на Денис Тот.

Тажна вест од Ресен: Претседателот на Преспа ја загуби битката со коронавирусот!