Женската сениорска репрезентација на Македонија од денеска ги стартува подготовките за бараж двомечот против Украина за пласман на СП 2023 година.
Селекторот Љубомир Савевски повика 20 ракометарки за оваа акција, кои ќе му се стават на располагање во подготовките.
Последна на националниот тим ќе се приклучи Сара Ристовска, која вчера имаше натпревар од рускиот шампионат, а поради не баш идеалните конекции со Москва, во Скопје би требало да пристигне на крајот на денот.
Првиот натпревар со Украина ќе се игра во Скопје на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.
Реваншот што ќе го даде патникот на Мундијалот ќе биде одигран во унгарскиот град Кишварда на 11 април од 17:00 часот.