Светската ракометна федерација се надева дека во иднина лепакот кој го користат играчите за подобра контрола на топката целосно ќе биде исфрлен од употреба. За таа цел е направена нова топка која би требало да им овозможи на играчите исто корисничко искуство но без употреба на лепак.
На Светското првенство за кадетки во Кина кое ќе се одржи од 18 до 30 август наредната година за прв пат ќе бидат тестирани новите топки без лепак. Оваа иницијатива потекна од претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа во 2015 година.
„Играчите мораат да сфатат дека лепакот е проблем“, рече Мустафа.
Исто така и претседателот на Ракометната Федерација на Данска дава поддршка на оваа иницијатаива.
„Новата топка ќе биде тестирана на првенството во Кина. Време е да се тестира на натпревари и овој производ ми делува разумно. Ако играчите сфатат дека не мора да имаат лепак на рацете, убеден сум дека оваа топка ќе се покаже добро. После првенството во Кина ќе знаеме повеќе, ако нема проблеми топката ќе ја користиме и на други натпреварувања“, истакна Пер Бертелсен.