Бундеслигашот Рајн Некар, кој во квалификациите од Лигата на Европа го елиминираше Вардар, веднаш најде замена за повредниот Халил Јагањац.
Како што е познато, екс членот на Металург мораше повторно да оди на операција поради болки во рамото, па така управата на „лавовите“ за краток временски период најде алтернативна замена за хрватскиот репрезентативец.
На местото на Јагањац ќе игра интернационалецот од Данска, левиот бек Андреас Холст Јенсен, кој во клубот од Манхајм ќе пристигне од Монпелје.
Бундеслигашот и екс младинскиот дански репрезентативец се договорија на соработка до крајот на оваа година.
Јенсен во својата клупска кариера беше дел и од екипите на Алборг, ГОГ и Лемвинг.
Со младинската репрезентација на Данска го освои златниот медал на Светското првенство во Унгарија (2013).