Ракотеа го нокаутираше Маркоски со топка и доби директен црвен картон (ВИДЕО)

Македонија води на полувреме против Романија со 16:13, а во продолжението нашата репрезентација ќе има дополнителна предност откако Дин Ракотеа беше исклучен и нема да може да и помогне на својата репрезентација во продолжение. После истекот на 30 минути Романија имаше слободен удар, Ракотеа шутираше и го погоди Маркоски во глава, а судиите му покажаа директен црвен картон. Видеото погледнете го во продолжение.