Ракометни легенди: Џексон Ричардсон ( Франција)

Џексон Ричардсон е едно од најголемите ракометни имиња во историјата на овој спорт. Зрачејки со својата харизма, ракометните вештини, атлетските предиспозиции и секако препознатливите суканици, овој француски ракометен генијалец никого не оставаше рамнодушен. Неговата креативност и иновативност послужи како пример и модел за една цела генерација на ракометари кои започнаа со овој спорт гледајки го токму него.

Ричардсон Балиќ
Заедно со Ивано Балиќ
france-handball-jackson-richardson-nikola-karabatic_637939
Заедно со Никола Карабатиќ

Ричардсон е роден на 14 јуни 1969 година во Сан Пјер,Франција.Започнува да тренира ракомет на свои 6 години, а беше откриен во 1988 година од страна на тогашниот селектор на францускиот национален тим, Даниел Костантини. Во 1989 година потпишува договор со францускиот клуб Paris-Asnières, а веќе со првите настапи во националниот тим станува добро познат на француската ракометна публика.

1005795-Jackson_Richardson
Во својот препознатлив акробатски скок

Две години подоцна прави трансфер во екипата на OM Vitrolles, со која два пати ја освојува шампионската титула во Франција( 1994 и 1996 година), Купот на Франција(1993 и 1995 година) и Купот на победниците на куповите (1993 година). Следна негова станица е екипата на TV Großwallstadt во Германија со која успева да триумфира во Купот на градови (2000 година). Врвот на својата кариера го достигнува играјќи во Шпанија за екипата на Portland San Antonio, со која во 2001 година ја освојува европската шампионска титула, и титулата во шпанското првенство наредната година.Во 2005 година се враќа во Франција, во екипата на Chambéry.

Џексон Шампиони на Европа
Европски шампион со екипата на Портланд Сан Антонио 2001 година

Со репрезентацијата на Франција освојува два злата на Светското првентво во Исланд (1995 година), и на Светското првенство во Франција (2001 година). Исто така има освоено и други медали како што се:(сребрен медал на Светското првенство во Шведска, 1993 година, и четири бронзени медали на Олимписките игри во Барселона 1992 година, Светското првенство во Шведска 1993 година, Светското првенство во Јапонија 1997 година и Светското првенство во Тунис 2005 година. На Олимписките игри во Атина,2004 година како капитен на францускиот национален тим ја имаше честа да го вее знамето на француската олимписка делегација.

франција прваци 1995 година во Исланд
Светски шампион со селекцијата на Франција (Исланд 1995 година)
Ричардон знаме
Знаменосец на француската олимписка делегација на Олимписките игри во Атина, 2004 година

Во 1995 година, од ИХФ е прогласен за најдобар ракометар на светот. Сопственик е на рекордот со најмногу одиграни натпревари за францускиот национален тим( повеќе од 400 натпревари). Во негова чест француската ракометна федерација организираше спектакуларна забава по повод неговото повлекување од репрезентацијата, на која присуствуваа многу видни личности од спортскиот и културниот живот во Франција и пошироко. Секако присуството на неговата мајка, која дојде од родно место на Џексон само за да биде со својот син на тој многу важен и емотивен ден, за него претставуваше најголем подарок.

Џексон со мајка му
Џексон заедно со својата мајка

Последниот натпревар Ричардсон го одигра во дресот на Шамбери против екипата на Иври,и во 2008 година ја заврши својата кариера. Во 2009 година имаше мини кам-бек на ракометните терени каде одигра една полусезона во екипата на Рајн Некар Ловен.

Rhein Neckar Loewen v HSV Handball - Toyota HBL
Во дресот на Рајн Некар Ловен, по неговиот мини кам-бек на ракометот

Џексон Ричардсон секако претставуваше еден од најталентираните ракометари од неговото време. Неговиот инстиктивен ракометен стил кој беше комбинација на секојдневен напорен тренинг и извонредна импровизација, го направи еден од најдобрите светски ракометари во изминативе 15 години.