Ракометен календар: Каде ќе се одржуваат големите натпреварувања до 2028 година

Пандемијата на коронавирусот предизвика одложување на најголемите спортски настани годинава, сите тие се презакажани меѓу кои е Олимпијадата во Токио која ќе се одржи во 2021 година.

Останатите репрезентативни ракометни натпреварувања засега не се загрозени од пандемијата, па женското Европско првенство во Данска во декември и Светското првенство во Египет за мажи во јануари следната година, би требало да се одржат во планираните термини.

Во продолжение е листа на големи натрепварувања во машка и женска конкуренција кои би требало да се одиграат во наредните осум години.

Мажи

2021 Светско првенство во Египет 🇪🇬
2021 Олимпијада во Јапонија (Токио) 🇯🇵
2022 Европско првенство во Унгарија и Словачка 🇭🇺 🇸🇰
2023 Светско првенство во Полска и Шведска 🇵🇱 🇸🇪
2024 Европско првенство во Германија 🇩🇪
2024 Олимпијада во Франција (Париз) 🇫🇷
2025 Светско првенство во Данска, Хрватска и Норвешка 🇩🇰 🇭🇷 🇳🇴
2026 Европско првенство
2027 Светско првенство во Германија 🇩🇪
2028 Европско првенство
2028 Олимпијада во САД (Лос Анџелес) 🇺🇸

Жени

2020 Европско првенство во Данска и Норвешка 🇩🇰 🇳🇴
2021 Олимпијада во Јапонија (Токио) 🇯🇵
2021 Светско првенство во Шпанија 🇪🇸
2022 Европско првенство во Словенија,Црна Гора и Македонија 🇸🇮 🇲🇪 🇲🇰
2023 Светско првенство во Данска, Норвешка и Шведска 🇩🇰 🇳🇴 🇸🇪
2024 Олимпијада во Франција (Париз) 🇫🇷
2024 Европско првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија 🇦🇹 🇨🇭 🇭🇺
2025 Светско првенство во Германија и Холандија 🇩🇪 🇳🇱
2026 Европско првенство
2027 Светско првенство во Унгарија 🇭🇺
2028 Олимпијада во САД (Лос Анџелес) 🇺🇸
2028 Европско првенство

*ЕХФ догодина во ноември ќе ги додели организациите за ЕП во 2026 и 2028 година во машка и во женска конкуренција