Довчерашниот ракометар на Јуниор КВ, Никола Матовиќ во продолжението од натпреварувачката сезона 2022/23 ќе има нов интернационален предизвик.
Левиот бек од Србија е најновото засилување во амбициозниот тим од Кувајт, Ал Кураин.
Искусниот ракометар во дресот на Јуниор КВ беше меѓу најдобрите стрелци во регуларниот дел од сезоната, а настапот во македонскаат елита го заврши со вкупно 60 погодоци.
Во клубот од Кувајт во продолжението од сезоната ќе настапува и црногорскиот репрезентативец Божо Анѓелиќ.