Екипата на Динамо од Панчево, која е предводена од поранешниот тренер на ЖРК Куманово, Ненад Краљевски, формира тим, кој ќе биде конкурентен за шампионската титула на домашна сцена во следната сезона. За остварување на зацртаните цели, раководството на клубот донесе ново засилување во своите редови.
По ангажирањето на репрезентативецот на Унгарија, Петар Сунајко, кој во клубот од Панчево пристигна од Татабања, ново име во екипата на Краљевски e десното крило од Веспрем, Борис Дорнеи, ракометар кој со унгарскиот гигант играше во Лигата на шампионите, како и во СЕХА лигата и има настапувано за сите младински селекции на неговата татковина.
Довчерашниот ракометар на Веспрем со Динамо Панчево се договори на двегодишна соработка. 23-годишниот ракометар во новата сезона ќе го има првото интернационално искуство во својата кариера. Поради малата минутажа во Веспрем, одлучи да ја прифати понудата од Динамо Панчево.
Српскиот суперлигаш претходно се засили со левиот бек Душко Челица и двајцата голмани Немања Марјановиќ и Обрад Ивезиќ. Клубот во изминатата сезона ја освои 3. позиција во домашниот шампионат и избори место на европска сцена и со последните две засилувања, сигурно ќе важи за главен фаворит за освојување на домашната титула.
Трансфер бомба во Панчево: Унгарски репрезентативец потпиша за Динамо!