Унгарскиот Веспрем на својот веб сајт информираше дека еден ракометар е позитивен на коронавирус.
И покрај тоа што сите играчи се тестираа пред еден месец, и првично беа негативни, сепак, по најновото тестирање еден играч бил позитивен тест.
„На најновите тестирања, за жал, еден наш играч беше позитивен. Тој е ставен во карантин во својот дом вчера попладне. Се чувствува добро и нема никакви симптоми. Соиграчите му помагаат во неговата нега. Ние нема да го откриеме неговото име, и му посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението.
Веспрем им дозволи на сите останати ракометари да се вратат дома со оглед на тоа што сезоната во Унгарија заврши и ќе треба да се вратат доколку продолжи Лигата на шампионите.