После 5. коло во Женската лига, ракометарката на Кузман Вардар Илинден, Ивана Блажевска после пет натпревари е во водство на листата на стрелците во Женската лига. Таа досега има постигнато 46 гола што е просек од повеќе од девет гола по натпревар.
Зад неасе неколку ракометарки кои се близу според бројот на головите, но тука ќе има многу промени со оглед на тоа што ќе има екипи кои се слободни во секое коло, па тоа сигурно ќе предизвика и менување на листата.
Ракометарката која минатата сезона беше на врвот кај стрелците, Марија Анчева сега заостанува, но таа има натпревар помалку бидејќи Пелистер беше слободен во првото коло.
ЖЕНСКА ЛИГА (ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ)
ТОП 10 (ПОСЛЕ 5. КОЛО)
46 – Ивана Блажевска (Кузман Вардар Илинден)
39 – Анастасија Николовска (Чаир)
37 – Ангела Цветановска (Ѓорче Петров)
37 – Јана Калајџиеска (Металург)
33 – Андреа Седлоска (Вардар)
33 – Марија Анчева (Пелистер)
31 – Мартина Стефановска (Спартак)
29 – Елена Вучевска (Овче Поле СУ)
28 – Магдалена Делиоска (Стружанка)
27 – Наталија Манева (Овче Поле СУ)