Долгодишната традиција продолжи и оваа година.
Од 2012 па наваму, македонските репрезентативци најголемите празници не ги минуваат во кругот на семејство, туку во подготовки за големите натпреварувања.
Бадниковото лепче се кршеше и денеска, а паричката оваа година се падна кај десниот бек Мартин Серафимов.
Можеби уште на стартот на годината ќе му посреќи и на претстојното ЕП ќе блесне во сиот сјај.
Македонија ќе игра на ЕП во групата А против Словенија, Данска и Црна Гора, а првиот натпревар против Словенците се игра на 13 јануари.