Една од најдобрите и најискусни репрезентативки на Црна Гора, Милена Раичевиќ, помина добро по повредата на мечот со Романија.
Дополнителните анализи во Скопје, скенерот на вратот и главата, покажаа дека Раичевиќ нема сериозна повреда, но докторите препорачаа носење на заштитник на вратот.
Таа поради силен удар во главата во 58 минута беше изнесена на носилки од теренот, откако се судри со една од романските репрезентативки.
Докторите и препорача да не го движи вратот премногу, а таа се уште чувствува болки и два дена по натпреварот. Ќе има дополнителни прегледи и во Љубљана, по што ќе биде познато дали Раичевиќ ќе биде подготвена за најважните битки.
Црна Гора денеска заедно со другите репрезентации отпатува во Љубљана на завршниот викенд, а ривал на избраничките на Бојана Поповиќ ќе биде составот на Данска.