Радовиќ: Амбициите на Црна Гора се пласман во четвртфинале (ВИДЕО)

Црна Гора се израдува на првата победа на Мундијалот 2023, откако славеше против селекцијата на Иран, со резултат 34:31, во натпревар од групата А. Репрезентацијата на Црна Гора, која на ЕП 2022 беше едно од изненадувањата, веќе со една нога се наоѓа во втората фаза. За избраниците на Зоран Рогановиќ денешните освоени бода се од големо значење, со оглед на тоа дека во последното, трето коло, ќе играат против Чиле, така што повеќе од сигурно е дека во следната фаза ќе пренесат два бода. Членот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ за 24Ракомет ги сподели впечатоците од натпреварот со Иран и истакна дека амбициите на црногорската селекција се пласман во четвртфинале. Целосната изјава на искусниот Радовиќ погледнете ја во видео прилогот....