Радовиш се враќа со победа од Кавадарци

Новиот суперлигаш Тиквеш, кој се враќа во Суперлигата по долги години, загуби на првата контрола пред стартот на новата сезона.

Подобри од избраниците на тренерот Томе Петрески беа ракометарите на Радовиш, кои славеа со 31-34 на натпреварот што го судеа Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Овие два тима ќе одиграат уште еден пријателски натпревар во салата „25 Мај“ во Радовиш, следната среда.

Радовишани се во групата А од Суперлигата со Астраион, Јуниор КВ, Охрид, Струга, Пролет и КЛ7, додека Тиквеш ќе игра во групата Б со Бутел Скопје, Металург, Еурофарм Пелистер 2, Младост Богданци, Работнички и Прилеп.