Тимот на Радовиш е меѓу најактивните на трансфер пазарот и веќе го создаде тимот за следната сезона.
Раководството ги продолжи договорите со тројца ракометари – најдобриот стрелец од минатата сезона Ивица Илиев, потоа левото крило Александар Долдуров и десното крило Спасе Ѓорѓиев.
Претходно тимот го ангажираше искусниот пикер од Еурофарм Пелистер 2, Игор Трајковски, додека се очекува да пристигне уште едно ново засилување.
Тренерот Љупче Мијалов и понатаму останува да ја води екипата, а костурот ќе остане ист – договорите ги продолжија голманите Славјан Паунов и Александар Тушев, како и левите бекови Златко Везенковски, Аце Спасов и Ангелче Органџиев.