Раководството на екипата на Радовиш деновиве е доста активно и работи на формирање на тимот за следната сезона, а веќе е јасно за дел од играчите кои ќе ја продолжат соработката со клубот.
После Здравко Постолов и Ангелче Органџиев договорот го продолжи и младиот ракометар Кристијан Ристов.
Левото крило кое е од школата на Радовиш во финишот на сезонава доби шанса и почна да си обезбедува свое место во екипата. Има 22 години, а се обврза на верност кон клубот и за следната сезона така што тој е уште еден од ракометарите кои играа лани кои ќе останат во екипата.
Тој во последната сезона одигра 23 натпревари, а беше стрелец на 48 погодоци. Имаше по 24 гола и во регуларниот дел од шампионатот и во плеј-аут лигата.
Радовиш задржа двајца ракометари, Постолов и Органџиев потпишаа нови договори