Еден од најдобрите поединци во составот на Радовиш, голманот Славјан Паунов, му останува верен на клубот.
Паунов се обврза на нова едногодишна верност кон клубот и ќе го брани голот на Радовиш осма сезона.
Претходно Радовиш ги задржа бековите Органџиев и Постолов, како и крилата Долдуров, Ѓорѓиев и Ристов.
Од клубот заминаа Ивица Илиев, Зоран Стојановски и Милош Лојаничиќ.