Екипата на Крим предводена од екс ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ го направи првото изненадување во елиминациските дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите и на првиот меч против Рапид Букурешт триумфираше со пет гола разлика, 29:24.
Скапиот проект на Рапид Букурешт, кој во оваа сезона има буџет од околу 3.2 милиони евра, немаше решение за Јованка Радичевиќ и Тјаша Станко, кои постигнаа по осум гола, додека голманката на Крим, Барбара Аренхарт блескаше меѓу стативите со 18 интервенции.
Избраничките на Драган Аџиќ на реванш дуелот следниот викенд ќе треба да ја сочуваат залихата од пет гола и повторно да изборат позитивен резултат, или пак да дојдат до реми, со цел да обезбедат пласман во четвртфиналето во најквалитетното европско натпреварување.
Есбјерг од Данска се доближи до четвртфиналето, откако на првиот осминафинален двомеч против Брест Бретањ триумфираше со 28:25.
На вчерашните дуели, на победа се радуваа екипите на Оденсе и Ференцварош, кои веќе со една нога се меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите.
Во Лигата на Европа, Сола во неизвесен натпревар го совлада Турингер со 35:34, додека Нант ја декласираше Борусија Дортмунд со 28:19.
Лига на шампиони, жени, осминафинале:
Сторхамар – Оденсе 21-30
Будуќност – Ференцварош 24-28
Крим – Рапид Букурешт 29-24
Брест Бретањ – Оденсе 25-28
Лига на Европа, жени, четвртфинале:
Валчеа – Никобинг 32-29
Шиофок – Икаст 20-30
Сола -Турингер 35-34
Нептун – Борусија Дортмунд 28-19
Европски Куп, жени, полуфинале:
Анталија Коњалти – Михаловце 31-24
Елче – Гуардес 22-23
Европски Куп, мажи, четвртфинале:
Војводина – Горење 31-30
Бањик Карвина – Рунар 31-34
Сесвете – Наербо 20-26
Алингсас – Дукла Прага 39-33