Црногорската легенда Јованка Радичевиќ денеска го одигра последниот натпревар за националниот тим.
Десното крило оди во репрезентативна пензија со бронзен медал, откако Црна Гора славеше против Франција со 27-25 во мечот за третото место.
„Бог беше цело време со мене и ме награди за тоа што го направив досега. Најубав можен крај. Преку Подгорица, Скопје и Љубљана каде што играм сега, да можев да бирам, немаше да одберам поубав крај. Благодарам на моите колешки, кои ми ветија дека нема да завршам без медал. Оваа бронза за мене сјае како злато. Овој дуел беше најтежок во кариерата. Плачев цел ден од сабајле, но успеав да помогнам за да освоиме бронза“, вели Радичевиќ за 24Ракомет.
Повеќе од 1.000 постигнати погодоци на околу 200 одиграни натпревари на ЕП, СП и ОИ, се само дел од достигннувањата на Радичевиќ.
Во колекцијата медали, Радичевиќ има и сребро од ЕП 2012, како и злато од ОИ истата година.
Јованка Радичевиќ, ЕХФ ЕУРО2022, Скопје, СЦ„Борис Трајковски“
БРОНЗА ЗА КРАЈ: Црногорската лавица Јованка Радичевиќ се прости од националниот дрес!
Море од измешани емоции: Радичевиќ не можеше да ги запре солзите!