Радивојевиќ за 24Ракомет ТВ: Свесни сме дека мора многу работи да поправиме (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го освојат третиот Супер Куп трофеј во низа. Битолчани во спортската сала „Парк“ во Струмица беа поразени од големиот ривал Вардар со 30:26. Најновото засилување во Еурофарм Пелистер, српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ одигра одличен натпревар и покажа дека ќе биде од голема помош за битолчани. Искусниот ракометар за 24Ракомет ТВ изјави дека неговиот тим треба уште многу да работи за да може да се претстави во добро светло во европската елита. Десното крило ги сподели и своите очекувања за дуелот против Колстад. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...