Тимот на Работнички, кој од оваа сезона е филијала на Вардар, со победа ги стартуваше пријателските натпревари пред стартот на новата сезона.
Работнички славеше во интересен натпревар над новиот суперлигаш Јуниор Кисела Вода со 26-24.
Во првиот дел избраниците на Стојан Петрушевски направија предност, но Јуниор со добра одбрана стигна до пресврт.
Во второто полувреме, Работнички се врати во игра, наметна свое темпо и ја одржа разлика до самиот крај за победа со два гола.