Богдановски херој – Работнички покажа „заби“, но Аеродром до полн плен

Во рамки од плеј-офот во машката лига Аеродром однесе победа на гостувањето кај Работнички во салата „Јане Сандански“ со 23:27.

Натпреварот беше отворен со двата гола на Димитријевски Дамјан со кој Работнички поведе со 0:2, првиот гол за гостите беше дело на најефикасниот во нивните редови Димевски Давид.

Стекната предност од 0:2 во овие први минути Аеродром ја одржуваше до крајот на првото полувреме, домаќините не изедначија и не дозволија поголема предност. Во игра ги одржуваше Димевски кој беше посебно ефикасен во овој прв дел со седум гола. На полувреме Работнички имаше негатива од 13:15.

И второто полувреме донесе подобра игра на Аеродром, домаќините покажуваа дека можат да се надигруваат, но сепак им недостасуваше нешто подобра реализација на нападите. Немаше Аеродром поголема предност освен пет разлика кон средината на вториот дел 16:21 кои не ги задржаа долго. Во главно гостите одржуваа предност од два гола разлика.

Со таа предност влегола и во завршните пет минтуи од натпреварот (20:22). Во тие пет минути гостите успешно го приведоа натпреварот кон крајот и се радуваа на победата.

Димевски Давид на седумте гола од првото полувреме во второто додаде уште два и мечот го заврши како најефикасен во својот тим со девет гола, додека Митревски Иван беше најефикасен во победничкиот тим со седум гола. По четири постигнаа Николовски Бојан, Ивица Дукоски и Давид Олтовски. Марко Богдановски на голот на Аеродром беше фантастичен со 18 одбрани.