Ракометарите на Работнички обезбедија место во финалниот двобој од групата А во Купот на Македонија, откако славеа над КЛ7 со 33-31. Ривал за место на Ф4 ќе им биде тимот на Металург кој победи против Еурофарм Пелистер 2.
По 5-4, избраниците на Петрушевски и Манасков се одлепија на 8-4 и во продолжение од првото полувреме тие го диктираа резултатот. До паузата Работнички стигна до највисоки дотогаш плус шест, 16-10.
Работнички отвори со гол на стартот на вториот дел за 17-10, но домашните прерано се опуштија. На десетина минути до крајот по 27-23, КЛ7 намали со головите на Ѓорѓиев и Димовски на 27-25 и внесе неизвесност во финишот.
Голманот Виларов бранеше одлично во последните минути, а Ќосевски даде гол за 32-27 на пет минути до крајот. Тука не беше крајот на возбудувањата. КЛ7 успеа да даде четири гола во серија за 32-31 на триесетина секунди до крајот.
Работнички го имаше последниот напад, но беше со двајца играчи помалку, а ист беше случајот и со КЛ7, кој остана без Крстески. За малку домашните ќе се сплеткаа, но топката стигна до Крстевски кој погоди во мрежата на КЛ7 за конечна победа со 33-31.
Најдобри стрелци кај победникот беа Ончев со осум и Крстевски со шест гола, додека кај КЛ7 се истакна Ѓорѓиев со осум погодоци.
Куп на Македонија, четвртфинални групи, распоред:
група А
Еурофарм Пелистер 2 – Металург 26-29 (ИЗВЕШТАЈ)
Работнички – КЛ7 33-31
Металург – Работнички
група Б
Пролет – Прилеп, четврток, 17:00 часот
Младост Богданци – Еурофарм Пелистер, четврток, 19:00 часот
Пролет/Прилеп – Младост Богданци/Еурофарм Пелистер
група В
Вардар – Тиквеш 42-24 (ИЗВЕШТАЈ)
Астраион – Радовиш 24-39 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Радовиш 35-32 (ИЗВЕШТАЈ)
група Г
Бутел Скопје – Јуниор КВ, среда, 18:00 часот
Струга – Охрид, среда, 17:00 часот
Бутел Скопје/Јуниор КВ – Струга/Охрид, четврток, 17:00 часот