ПСЖ по вторпат сигурен против ГОГ

Ракометарите на ПСЖ на гостувањето во Данска кај ГОГ триумфираа, со резултат 40:35, во натпревар од 8. коло од Лигата на шампионите. Францускиот тим во претходното коло, исто така славеше сигурна победа против ГОГ со речиси идентичен резултат, 41:36.

ПСЖ со денешната победа го презеде лидерското место во групата А, сега има 14 бода, додека второпласираниот Веспрем, кој денес беше шокиран од Загреб остана на 13 бода.

Во првото полувреме речиси се играше без одбрана и беа постигнато вкупно 41 гол. Гостинот од Париз имаше посакувам старт и по нерешените 2:2 со серија од 2:0 се одлепи на 4:2 и до крајот на првото полувреме беше во резултатска предност. Во неколку наврати ГОГ успеваше да дојде до израмнување, парираше колку-толку, но до крајот на првиот дел немаше сили за изненадување.

По нерешените 7:7 следуваа три гола во низа на ПСЖ за водство од ,,плус три” 10:7 во 15 минута. Следуваше период во кој двете екипи влегоа во голгетерски ритам и ,,светците” сигурно чекореа кон нов триумф. ПСЖ започна да создава сигурна предност и во последните десет минути од првото полувреме водеше со четири до пет гола разлика. По 30 минути игра, резултатот беше 22:19 во корист за гостинот.

ГОГ во продолжението фати ритам, се доближи на само гол негатива (24:23) и тоа беше последниот момент кога домаќинот се обиде да го загрози водството на ПСЖ. Гостите од Франција предводени од Пранди и Шипжак во последниот период влегоа со резултатска предност од 30:25 и веќе тука беа завршени надежите на домаќините за евентуален пресврт. До крајот немаше промена на резултатот, тимот на ПСЖ го диктираше темпото и го водеше дуелот до сигурна победа.

Најефикасни во победничката екипа беа Камил Шипжак со десет и Данис Кристопанс со седум погодоци. Во поразениот табор одлична партија имаше Мортен Олсен со 12 погодоци од 16 обиди.