Ракометарите на Пролет тргнаа со победа од 26:20 на гостувањето во Кисела вода против тимот на Јуниор во новата сезона и ја потврдија улогата на кандидат за пласман во плеј-офот напролет.
Пролет покажа дека секој натпревар ќе го сфати максимално сериозно и дека нема да има опуштање. Тоа се виде после неколку минути игра кога беше направена предност од 5:0. Многу брзо беше решен и победникот на оваа средба откако Пролет поведе со 12:2.
Петар Ангелов имаше одлично издание и уште на стартот потврди дека и понатаму брани во одлична форма така што со неговите одбрани тимот на Пролет успеа рано да направи голема предност и да дојде до позитива со која можеше лесно да продолжи во средбата.
Домашните кои се дебитанти во Супер лигата како да почнаа во грч, па им требаше време за опуштање и влез во натпреварот. Додекада фатат ритам веќе имаа голема негатива, но на одмор имаа минус осум гола и резултат од 7:15.
Во второто полувреме се играше поизрамнето. Немаше многу притискање и се одигра сосема мирно така што без проблеми се дојде до крај. Ракометарите на Јуниор Кисела вода успеаја да казнат и да се доближат, но најмногу до пет гола. Сепак, при 20:25 дојде до погодок за печат на средбата и Пролет дојде до конечни 26:20 за први бодови на стартот од сезоната.
Веќе в понеделник следуваат нови средби. Јуниор Кисела вода гостува во Струга, додека Пролет 62 е домаќин на составот на Астраион.
ЈУНИОР К.В.ПРОЛЕТ
11 септември 2020
20 - 26Крај |
Детали
| Датум | Време | Лига | Сезона | Match Day | Крај |
|---|---|---|---|---|---|
| 11 септември 2020 | 20:03 | СУПЕРЛИГА А | 2020/2021 | 11.09.2020 | 60' |
Место
| УС „Круме Кепески“ |
|---|
Резултати
| Екипа | 1-во полувреме | 2-ро полувреме | Резултат |
|---|---|---|---|
| ЈУНИОР К.В. | 7 | 20 | Пораз |
| ПРОЛЕТ | 15 | 26 | Победа |
ЈУНИОР К.В.
| # | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
|---|---|---|---|---|
| Александар Стојаноски | голман | 0 | 0 | |
| Матеј Петковски | голман | 0 | 0 | |
| Намик Осман | лево крило | 0 | 1 | |
| Антонијо Пешевски | лево крило | 0 | 1 | |
| Стефан Стојановски | лев бек | 0 | 1 | |
| Немања Милутиновиќ | лев бек | 0 | 8 | |
| Бојан Манев | централен бек | 0 | 1 | |
| Мартин Димовски | централен бек | 0 | 0 | |
| Дамјан Трајковски | централен бек | 0 | 0 | |
| Васил Витанов | десен бек | 0 | 0 | |
| Жарко Барјактаревиќ | десен бек | 0 | 4 | |
| Стефан Крстески | десно крило | 0 | 2 | |
| Филип Ролевски | десно крило | 0 | 1 | |
| Томче Трајчевски | пивот | 0 | 0 | |
| Марко Трајковски | пивот | 0 | 0 | |
| Мартин Бошковски | пивот | 0 | 1 | |
| Вкупно | 0 | 20 |
ПРОЛЕТ
| # | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
|---|---|---|---|---|
| Кристијан Кристо | голман | 0 | 0 | |
| Давор Палевски | лево крило | 0 | 7 | |
| Дејан Пецаковски | лев бек | 0 | 0 | |
| Александар Василевски | лев бек | 0 | 1 | |
| Ласко Андоновски | централен бек | 0 | 2 | |
| Марио Гичев | централен бек | 0 | 2 | |
| Илија Мелоски | централен бек | 0 | 1 | |
| Доне Мајнов | десен бек | 0 | 3 | |
| Кристијан Давитковски | десен бек | 0 | 1 | |
| Мартин Димов | десно крило | 0 | 3 | |
| Виктор Додевски | десно крило | 0 | 0 | |
| Михаил Аларов | пивот | 0 | 5 | |
| Димитар Матовски | пивот | 0 | 0 | |
| Стефан Донев | пивот | 0 | 0 | |
| 26 | Петар Ангелов | голман | 0 | 0 |
| Виктор Крстевски | лево крило | 0 | 1 | |
| Вкупно | 0 | 26 |
тренер: Никола Матлиески
Officials
| Судии: | Делегат: |
|---|---|
| МИТРЕВСКИ ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ | НИКОЛОВСКИ АЦО |



ЈУНИОР К.В.






















