Тимот на Пролет по поразот од Охрид во минатото коло се врати на победничките патеки во Суперлигата, откако на домашен терен го победи убедливо составот на Металург 2 со 35-23.
Гостинот беше рамноправен во дваесетина минути од првото полувреме кога беше 11-10, но до паузата Пролет постигна шест голови во серија за 17-10 и тука го реши победникот.
Вториот дел беше само рутинско одработување на задачата за избраниците на Никола Матлиески, кои ја дуплираа разликата од полувремето.
Најдобри стрелци кај Пролет беа Ласко Андоновски со десет погодоци, како и Мајнов и Давитковски со по четири, додека Кофиловски погоди шест пати за гостинскиот тим.