По Петар Ангелов и уште осум позитивни случаи на Ковид-19, во тимот на Пролет се појавија уште три такви случаи.
Вкупната бројка сега изнесува 12 и сите позитивни ракометари, како и останатите членови и стручниот штаб веќе се во изоладија.
Тренинзите се прекинати, а Ракометната федерација на Македонија ќе ги одложи натпреварите на Пролет од групата А во Суперлигата.
Тие веројатно ќе бидат одиграни по завршувањето на ЕХФ неделата и репрезентативни активности.
Претходно скоро цели тимови на КЛ7, Струга и Работнички го прележаа коронавирусот, а по неколку случаи имаше и во другите суперлигашки тимови.