Екипата на Пролет 62 го совлада составот на Радовиш со 27:21 на свој терен и на тој начин обезбеди три бода кои се доволни за да може на два меча до крајот на есенскиот дел да се има место во плеј-офот.
Откако почетокот на средбата мина со водство на гостите од 3:1 следуваше серија од 6:0 на Пролет во која Ангелов успеа да запре неколку удари. Притоа беше обезбедено водство од 7:3 и овие четири гола овозможија да се одигра мирно во продолжение.
До крајот на првото полувреме со сигурна игра се чуваше водството кое се движеше од 2 до 4 гола. Сепак, во завршницата на првиот дел дојде до мало опуштање, па гостите успеаја да се вратат и да намалат на еден гол. На тој начин Пролет имаше 13:12 на полувреме.
Овој гол предност брзо беше зголемен до четири, па и до пет погодоци. Пролет постојано беше во предност и во ниту еден момент немаше никаков проблем за да го одржува водството. Постојано разликата беше доволно висока за да може да се одигра мирно до крајот од средбата.
Радовишани немаа сили да направат нешто повеќе, па рано се имаа помирено со овој пораз после кој само остануваат далеку од можноста да дојдат до плеј-оф така што е јасно дека напролет ќе имаат тешка задача во плеј-аутот.