Пролет во Радовиш потврди дека местото му е во плеј-офот

Во рамки на 15. коло Радовиш беше домаќин на Пролет во продолжението од сезоната после зимската пауза. Гостинскиот тим ја оправда фаворитската улога и стигна до победа од 20:33 која им обезбеди место во плеј-офот.

На почетокот на натпреварот се играше израмнето се до резултат 7:7. Следуваа добри минути за Пролет и серија од 5:0 со која се одлепија на сигурна позитива. До крајот на полувремето гостите имаа и шест предност, но Радовиш ја намали негативата и на одмор заминаа со резултат 12:16.

Продолжението донесе слична игра како во првиот дел, Пролет имаше целосна контрола на резултатот. Домашната екипа на Радовиш најмногу што успеа да направи беше да намали на минус два 18:20, но следуваше фантастична серија на Пролет со која стигна до двоцифрена разлика и убедлива победа.

Со овој триумф Пролет ја оправда фаворитската улога во чиј состав беа новите засилувања Петар Ангелов и Ѓуро Мујиќ и го потврди пласманот во плеј-офот. Најефикасен во домашниот тим беше Ивица Илиев со девет гола, додека во победничкиот тим Ласко Андоновски погодуваше 11 пати.

РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 62  20:33 (12:16)

Сала: 25-ти Мај во Радовиш. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Делегат: Петре Климаков.

РАДОВИШ: Паунов, Петров, Ситноски, Стојановски 2, Димов, Јованов, Ѓоргиевски, Долдуров 2, Спасов, Постолов 2, Ѓоргиев, Органџиев 2, Ристов 1, Илиев 9, Трајанов 2, Тасевски.

Седмерци: 2/2  Исклучувања: 8 мин.

ПРОЛЕТ 62: Кристо, Коруновски 1, Василевски 3, Аларов 8, Поповски, Давитковски, Додевски, Андоновски 11, Џонов 3, Мајнов, Гичев 2, Стојановски, Игнов, Моупитис 4, Ангелов, Василевски 1.

Седмерци: 3/3  Исклучувања: 10 мин.