Екипата на ЧСМ Букурешт во 13. коло од Лигата на шампионите со голот на Кристина Неагу, кој беше постигнат во последните секунди од натпреварот, одигра нерешено против Брест Бретањ, 30:30.
Неагу дуелот против францускиот тим го заврши со девет погодоци. Иако ЧСМ Букурешт од поодамна има обезбедено директен пласман во четвртфиналето од најквалитетното европско натпреварување, сепак, Неагу не дозволи тимот на Брест Бретањ да си замине со цел плен од романската престолнина.
Дуелот меѓу ЧСМ Букурешт и Брест Бретањ го судеа арбитрите од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари.
Неагу го спаси ЧСМ Букурешт од пораз, Ѓер убедлив во Турција