Службата за работа со странски државјани во БиХ, како организација која врши надзор и контрола при престојот на странци кои што престојуваат краткорочно или долгорочно на територијата на БиХ, пред околу еден месец откри бројни неправилности во регистрираните странски играчи и тренери во Премиер лигата во БиХ.
По направената проверка која ја извршила службата за работи, на неколку странски играчи и тренери им беа одземени документите бидејќи не поседувале дозвола за престој во БиХ.
Еден од тренерите кој доби забрана за вршење на било какви спортски активности во БиХ е тренерот од Србија, Милан Ховорка, кој го предводеше тимот на Босна Високо. Ховорка освен што доби забрана за вршење на спортски активности во БиХ, мораше да ја напушти државата и поради непријавениот престој, доби и едногодишна забрана за влез на босанска територија.
За 24Ракомет, Ховорка изјави дека е изигран од неговиот поранешен клуб, кој според него, не обезбедил нормални услови за работа.
,,Работиш и тренираш во овие осум месеци и потоа на некој му паѓа на памет да ги пријави сите играчи и тренери кои немаат работна дозвола и да не спречи да ја завршиме сезоната до самиот крај. Оваа сезона 2021/22 е буквално нерегуларна според оваа моментална позиција на федерацијата, државата… Ракометниот сојуз на БиХ можеше да реагира и да не остави да го доработиме овој месец, исто како што работевме во претходните осум месеци, а потоа да се заземе став дека од август ниту еден странец не може да работи без регистрација, односно работна дозвола… Но, некои луѓе од сојузот не ги интересираше тоа нешто. Тоа што бев отпуштен од тренерската позиција од клубот Босна Високо не ме погоди толку, бидејќи кај тренерите важи едно правило, а тоа е дека куферите им се секогаш спакувани, бидејќи во секој момент може да биде отпушен, без разлика каков резултат направил. Мене ми е многу жал што не ја одработив својата работа до крај. Најлошо од сѐ е што добив забрана за влез во БиХ на една година. Ми забранија влез и со тоа немам никаква можност да го завршам уписот и платената дообука за 3 категорија според рангот. Следната сезона нема да можам да работам во највисок ранг на натпреварување во ниту една држава. Така, крајот на оваа сезона и целата наредна пропадна, не по моја грешка, туку по грешка на клубот кој не ми обезбеди нормални услови за работа, а тој доби смешна казна”, изјави Ховорка.
Скандал во босанското првенство: Странци играле без дозволи за престој!
За скандалот со странците во Босна вината се префрли на клубовите