Откако претходно тоа го направија Охрид и Бутел Скопје, сега и тимот на Прилеп го потврди учеството на Струшкиот турнир.
Од 12 до 16 август на отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“, ќе се одржи 48. издание на традиционалниот турнир, на кој годинава ќе играат само македонски екипи.
Охрид, Бутел Скопје, Прилеп и домаќинот Струга се официјално потврдени учесници, а учеството деновиве трега да го потврдат и Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер и Пролет.
Минатата година турнирот го освои тимот на АЕК Атина, кој го совлада битолски Еурофарм Пелистер.