Екипата на Прилеп, која избори опстанок во најсилната конкуренција во Македонија, го договори првото засилување за новата натпреварувачка сезона 2023/24.
Прво име во тимот на Прилеп за новата сезона е кружниот напаѓач Томче Трајчевски од Радовиш.
Бидејќи Радовиш се сели во понизок ранг на натпреварување, поточно во Првата лига, младиот ракометар се реши да ја прифати понудата од Прилеп и во наредната сезона повторно ќе ги покажува своите квалитети во елитата.
Раководството на Прилеп и Трајчевски се договорија на соработка, со важност од две години.
Трајчевски потекнува од екипата на Преспа, а во својата кариера го носеше дресот и на Јуниор КВ.