Ракометарите на Прилеп по победата над новиот суперлигаш КЛ7 во Охрид, забележа уште една победа во пријателските натпревари.
Вечерва во салата „Р.Р. Ричко“ гостуваше прволигашот Аеродром, кој си замина со висок пораз 34-24.
Прилепчани се подготвуваат за суперлигашките предизвици и се наоѓаат во група Б со Младост Богданци, Тиквеш, Металург, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Работнички.
Аеродром, пак, е еден од главните фаворити за бараж за елитното друштво и ќе игра во групата А од Првата лига со Јехона, Борец, Драчево, Кичево, Преспа, Риниа и Шампион.