Еден од противниците на репрезентацијата на Македонија во групната фаза од Европското првенство, репрезентацијата на Чешка беше високо поразена на гостувањето кај Швајцарија со 35-25.
Чешка во ЕХФ неделата настапува со комбиниран тим во кој недостасуваат неколку стандардни ракометари носители на играта. Чесите без Здрахала, Хорак, Земан и уште неколку отсутни играчи беа немоќни да стигнат до позитивен резултат на овој дуел.
Сепак во првото полувреме добро се држеа и не дозволуваа домаќинот резултатски да се одлепи. По првиот дел Швајцарија имаше минимална предност од 15:14. И во првите десетина минути до вториот дел продолжи израмнетата игра. До крајот на дуелот Швацарија имаше многу подобро издание и со голема серија од 10:2 успеа да стигне до висока победа.
Во екипата на Швајцарија најефикасни беа Марвин Лиер со седум гола и Ален Милошевиќ со шест гола. Во екипата на Чешка одличен беше Томаш Бабак со десет гола, додека Кашпарек постигна пет погодоци. Истите ривали ќе одиграат уште еден контролен натпревар.