Екипата на Татран Прешов, која оваа сезона покрај настапите во словачкото првенство и Куп, како и во регионалната СЕХА лига, се натпреварува и во чешкиот шампионат.
Ако се додаде и играњето на клубот во групната фаза во Лига на Европа, тогаш словачкиот шампион во првиот дел од полусезоната беше активен на повеќе од три фронта.
Раководството на клубот од Прешов соопшти дека во следната натпреварувачка сезона 2023/24 нема да се натпреварува во шампионатот на Чешка.
Оваа одлука се должи откако клубот утврди дека густиот распоред на натпревари, посебно во вториот дел од сезоната не е добар за ракометарите.
Татран Прешов од 18 март, па сѐ до 2 април, ќе одигра дури пет натпревари во три конкуренциии и јасно е дека ќе треба на секој дуел да го даде својот максимум.
Словачкиот шампион оваа сезона влезе во чешкиот шампионат, со цел да го направи поатрактивен и самото натпреварување да добие на квалитет, но сепак, челниците на Татран Прешов одлучија клубот да се повлече од споменатото натпреварување.
Ракометари или роботи – ќе одиграат пет натпревари во три конкуренции за 11 дена!