Ракометарите на Ним го потврдија првото место во групата Д од Лигата на Европа во која главен конкурент им беше Еурофарм Пелистер. Францускиот претставник одигра нерешено со Кадетен Шафхаузен 33:33 и со тоа има два бода повеќе од битолскиот тим и подобар скор во меѓусебен дуел.
Ла Риоха и Нексе одиграа максимално израмнет натпревар во текот на сите 60 минути. Нексе имаше најчесто предност но само минимална. Така беше и на полувремето кога гостите од Хрватска водеа 14:15. Сепак на крајот Ла Риоха оствари важна победа од 31:30 која ги остава во игра за нокаут фаза.
Висла Плоцк долго се мачеше против екипата на Татран Прешов, но сепак на крајот забележа победа од 33:29. После првото полувреме гостите имаа минимална предност но во продолжението тимот од Полска ја оправда фаворитската улога и стигна до сигурни бодови.
Фуксе Берлин ја продолжи победничката серија во Лигата на Европа и на гостувањето кај Бидасоа Ирун славеше со 32:35 . После првиот дел беше 16:20, а во продолжението екипата на Бидасоа се обиде да го изненади противникот, беше подобра во вториот дел но немаше сили за пресврт.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 9. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
ТУЛУЗ – ВИНТЕРТУР 34:27 (14:16)
БИДАСОА ИРУН – ФУКСЕ БЕРЛИН 32:35 (16:20)
ВИСЛА ПЛОЦК – ТАТРАН ПРЕШОВ 33:29 (15:16)
ГРУПА Б
ГОГ – БЕНФИКА 39:38 (20:18)
КОКС – ЛЕМГО 29:29 (12:15)
НАНТ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ откажан
ГРУПА Ц
ГОРЕЊЕ – ЕКС АН ПРОВАНС 33:32 (19:18)
МАГДЕБУРГ – САВЕХОФ 31:25 (17:13)
ЛА РИОХА – НЕКСЕ 31:30 (14:15)
ГРУПА Д
ТАТАБАЊА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25:21 (11:11)
АЕК АТИНА – СПОРТИНГ 25:24 (15:11)
НИМ – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН 33:33 (14:16)