Првиот противник на машката репрезентација во квалификациите за Европското првенство, селекцијата на Финска, остана без двајца ракометари пред патот за Скопје.
Од претходно беше познато дека селекторот Ола Линдгрен нема да смета на средниот бек Нико Ронберг, кој заздравува од повреда, а сега шведскиот стратег мораше да бара замена и за левото крило Бенјамин Хеландер и за пикерот Робин Сјоман.
Хеландер кој настапува за шведскиот Алингсас, мора во карантин со оглед на позитивните случаи во клубот. Левото крило игра одлична сезона и има постигнато 43 гола на осум меча, а на негово место Линдгрен го повика играчот на БК-46, Линус Линдберг.
Сепак отсуството на Хеландер не би требало да се почувствува многу, ако се знае дека на таа позиција главен е Тему Таминен.
Наптреварот меѓу Македонија и Финска се игра в среда на 4 ноември, во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот.