Ситуацијата со коронавирусот низ Европа не стивнува, туку напротив – зема поголем замав и станува голем проблем за ракометот.
По големиот број откажани пријателски натпревари пред стартот на Европското првенство, сега се откажани и натпревари во европските купови.
ЕХФ мораше да ги одложи средбите од Лигата на шампионите, Вајперс Кристијансанд – Крим Меркатор и Савехоф – Ѓер.
Одложен е и натпреварот во Лигата на Европа меѓу данскиот Виборг и романската Валчеа што требаше да се игра претстојниот викенд.
Двомечот меѓу Летонија и Бугарија во квалификациите за ЕП 2024 исто така е одложене поради ковид позитивни случаи кај нашиот источен сосед.