Последниот натпревар во Бундес лигата може да се одигра на 24 јуни, не подоцна

Иако пандемијата на коронавирусот уште не го достигнала својот врв и како уште да зема замав, сепак, во Германија постои оптимизам дека ќе се успее во намерата да се дојде до финиш на сезоната во Бундес лигата на терен.

Веќе се размислува кога натпреварите би можеле да се играат односно кога би завршила сезоната. Планот е крајот на јуни да биде и финиш, а дали тоа ќе биде изводливо ќе биде познато веќе во текот на април.

„Ако навистина имаме можност да го продолжиме натпреварувањето тогаш сметам дека најмногу што можеме да игра е 24 јуни. Подоцна од 24 јуни сметам дека нема да имаме можност. Бундес лигата беше планирано да заврши на 14 мај и сметам дека мораме да почнеме со игри не подоцна од средината на мај за да можеме да завршиме навреме“, вели извршниот директор на Бундес лигата, Френк Боман.

Како што е познато Бундес лигата е во пауза до 22 април, а дали ќе постојат услови веднаш после ова за враќање на терен останува да проценат докторите и раководството на Бундес лигата.