Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Ренато Сулиќ, најверојатно ќе ја заврши својата ракометна кариера.
42-годишниот ракометар на Замет не се појавувал на тренинзите и натпреварите на клубот. Поради тоа, раководството на Замет одлучи да го раскине договорот со искусниот ракометар.
Легендата на хрватскиот ракомет реши да му помогне на Замет по враќањето од полскиот вицешампион, Висла Плоцк. Сепак приватните обврски му биле во преден план на поранешниот репрезентативец на Хрватска, а најверојатно тоа ќе значи и крај на неговата кариера.
Сулиќ во Лигата на шампионите има постигнато вкупно 629 голови. Најмногу помина во дресот на Веспрем, девет сезони. Имаше играно и за Целје, Загреб и Висла Плоцк.
Беше член на златната генерација на Хрватска од 2001 па се до 2009 година и беше последниот активен ракометар. Го освои златниот медал на Светското првенство во Португалија во 2003 година. Има вкупно 100 одиграни натпревари за националниот тим и постигнато 221 голови.