Шпанската и Португалската ракометна федерација од овој декември ќе започнат со ново натпреварување – Ибериски Супер Куп.
Таму ќе играат по двете најдобри екипи од двете држави, односно шампионите и/или финалистите на Куп натпреварувањата.
Првото издание на „Ибериски Супер Куп“ ќе се одржи на 17 и 18 декември во Малага, а ќе учествуваат Барселона, Порто на Никола Митревски, Гранољерс и Спортинг Лисабон.
Полуфиналните двојки, како и распоредот на турнирот ќе бидат познати дополнително.
Двете држави заеднички ќе го организираат Европското првенство во машка конкуренција во 2028 година.