Поповски меѓу најдобрите, Цирих минимално загуби од Винтерутр

Тимот на Амичитија Цирих, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски, загуби во дербито на швајцарското првенство.

На домашен терен Цирих беше поразен од Фади Винтертур со 32-31, откако на полувреме беше реми, 16-16, во натпревар од второто коло.

Поповски беше меѓу најдобрите стрелци и на овој натпревар како и на претходниот со Кадетен, и успеа да постигне четири гола од пет обиди.

Следен предизвик за Цирих и Поповски ќе биде домашниот натпревар со незгодниот тим на ТВ Сур Арау.