Екипата на Амичитија Цирих иако беше голем фаворит во натпреварот против Кројцлинген, одигра само реми 30:30 во рамки од 10. коло од шампионатот на Швајцарија.
Последниот тим на табелата, кој во досегашниот тек од натпреварувањето има само една победа, успеа рамо до рамо да се носи против четвртопласираниот тим на Амичитија Цирих.
Поповски и соиграчите на полувреме имаа предност од 16:13, додека во вторите 30 минута се играше во егал и домаќините со голот на Тахирукај во последните секунди се изборија за нерешен резултат.
Македонскиот интернационалец беше меѓу најефикасните во составот на Амичитија Цирих, постигна пет погодоци од шест обиди.